Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европскиот шампионат.

Поразот од фаворитот Шведска е веќе заборавен, па избраничките на селекторот Грчевски со мислите се кон дуелот против Турција.

Почетниот притисок е минато, а дел од прикажаната игра против Швеѓанките ја подгрева вербата меѓу македонските ракометарки.

И нашиот вечерашен противник Турција загуби во првиот меч од ко-домаќинот на првенството Унгарија.

Така, за да останат во игра за едно од двете места што водат во следната фаза на двете репрезентации им е потребна победа.

Дуелот од 2.коло на „А“ групата меѓу Македонија и Турција што ќе се игра во Дебреце, ќе почне од 20.30 часот. Во првиот натпревар од нашата група ќе играат Шведска и Унгарија (18 часот).