Фудбалската репрезентација на Македонија бележи прогрес на новото рангирање на ФИФА.

По победите против Летонија и Фарските Острови, селекцијата на Македонија „скокна“ за две места на ФИФА листата.

Црвено-жолтите сега имаат  1368 бодови и од 69-тата се искачи на 67-мата позиција.

Последното рангирање во оваа година, во која засега ова е најдобар ранкинг на Македонија ќе иде на 19 декември.

Што се однесува до најдобрите, во првите пет нема промени. И натаму светскиот шампион Аргентина на на 1.место, а по неа следуваат: Франција, Шпанија, Англија и Брази.