Фудбалската федерација на Македонија, денеска ги промовира новите модели на тренерки кои се дел од опремата на сите национални тимови.
Новите производи може да се видат и купат преку официјалниот сајт на „Fan Shop“ на ФФМ односно на овој линк https://www.fanshop.ffm.mk/
Од ФФМ нагласуваат дека, новата колекција значи припадност, љубов кон фудбалот и кон татковината. Секое парче од оваа колекција носи допир на стадионот во вашето секојдневие.
„Носете ги боите на македонската репрезентација со гордост, без разлика дали сте на работа, шетате низ градот или на кафе со пријателите“, порачуваат од федерацијата.