Македонскиот првак Еурофарм пелистер денеска гостува во Унгарија кај Веспрем во дуел од Лигата на шампионите.
Пелистерци се окуражени по трите освоени бодови во двата меча со Федериција. Сега сакаат нови бодови, но противникот е сепак Веспрем.
Јасно му е тоа и на новиот тренер на зелено-белите Раул Алонсо.
„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар.
Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата.
Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум“, изјави Алонсо.
Првиот меѓусебен дуел со Веспрем, одигран во Битола, Е.Пелистер го загуби со седум голови разлика (23-30).
Имаат ли сили и квалитет да му се спротивстават на големиот фаворит пелистерци, ќе видевме во мечот што ќе почне од 18.45 часот/