Се одиграа првите два натпревари од денешната програма од 5.кол во фудбалската Лига на шампиони.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговата екипа, шпанската, Џирона се поразени на гостувањето во Грац. Тимот на Џирона го претрпе четвртиот пораз откако беше совладан од Штурм со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Бурет во 59-тата минута. Миовски кој беше стартер, беше повлечен од игра во 67-та минута. За австрискиот им тоа беше првата победа во елитното натпреварување, а Џирона исто така останува на една.
По четирите врзани порази екипата на Црвена Звезда се израдува на победа. Белградскиот тим пред своите симпатизери го совлада германскиот Штутгарт и тоа убедливо со 5-1.
А, натпреварот лошо почна за црвено-белите кои веќе во 5.минута примија гол. Но брзо (во 12-тата) преку Салас ја анулираа негативата. Во 31-та Круниќ го сврте резултатот за 2-1. Во вториот дел уште три гола во мрежата на германскиот тим. Иваниќ зголеми на 3-1, по што Радојчиќ со два погодока ги постави конечните 5-1.