Во фудбалската Лига на шампиони денеска ќе се играат нови девет натпревари од петтото коло.
Програмата ќе биде отворена во Белград и Грац, каде Црвена Звезда ќе го пречека Штутгарт, односно Бојан Миовски со Џироина ќе гостува кај Штурм.
Овие два натпревари ќе започнат од 18.45 часот.
Во вечерниот термин (21 часот) ќе се игра и дербито на денот. На „Енфилд“ тимот на Ливерпул го пречекува актуелниот шампион Реал Мадрид.
Во Загреб кај Динамо на македонските интернационалци Ристовски и Адеми ќе гостува Борусија Дортмунд.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО
среда
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ШТУТГАРТ
ШТУРМ ГРАЦ – ЏИРОНА (од 18.45 часот)
ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД (од 21 часот
ДИНАМО ЗАГРЕБ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД )
АСТОН ВИЛА – ЈУВЕНТУС
БОЛОЊА – ЛИЛ
СЕЛТИК – КЛУБ БРИЖ
МОНАКО – БЕНФИКА
ПСВ – ШАХТЈОР