Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Првиот натпревар е закажана на 30 ноември со почеток во 13 часот. Три дена подоцна (3 декември), овие две селекции во 12 часот ќе ја одиграат и втората контролна пресметка.

Селекторот на репрезентацијата Александар Андов ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи – Карсон У, САД
Виктортија Пачурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Топ Гол
ОДБРАНА:
Ана Милчевска – Грузија
Ане Бошевска- Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Викторија Недева – Тиверија Брера
Сара Коларовска – Скопје 2014
Теона Галабовска – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Љуботен
СРЕДЕН РЕД:
Меланија Гроздановска – Истатов
Стефанија Маринковска – Каменица Саса
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Ихмете Лимани – СВ Веинберг 67, Германија
Наташа Андонова – Саудиска Арабија
НАПАД:
Јилза Максути – Асс Јунајтед
Гентијана Рочи – Финска
Лора Сулејмани – Франција
Билјана Паневска – Брера Тиверија