Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за настап на Европскиот шампионат.
Селектор Кристијан Грчевски утринава ја имаше првата прозивка на ракометарките што се на неговиот поширок список.
Тие ќе се подготвуваат во Скопје, а ќе одиграат и два контролни натпревари во Пореч. На 22 и 23 ноември црвено-жолтите ќе „спарингуваат“ со Хрватска и Србија пред заминувањето за Дебрецен.
Таму македонските ракометарки ќе играат во „А“ групата на ЕП, против Шведска, Австрија и домашната селекција на Унгарија. Првенството ќе се одржува од 28 ноември до 15 декември.