Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, попладнево ќе го одигра последниот натпревар во годинашното издание на Лигата на Нациите.
На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, гостува нашиот „должник“ репрезентацијата на Фарските Острови.
Токму со дуелот против Фараните, Македонија ги отвори овој циклус натпревари. Нерешениот резултат 1-1 беше прилична за лавина од критики, но селекторот Милевски веруваше во своите избраници.
Тој и неговите „пулени“ во продолжението остварија четири победи во низа, а сега ќе атакуваат и на петтата. Тоа би бил историски најдобриот резултат на фудбалската селекција на Македонија.
Во таборот на црвено-жолтите владее голем оптимизам иако се чувствува заморот, по исцрпувачкиот меч со Летонија во четвртокот. Првото место е „запечатено“, но сега бодовите се неопходни, за да се обезбеди и место во баражот за СП 2026-та.
Како и многупати досега, македонските фудбалери знаеле да го дадат најдоброто кога притисокот бил најголем. Така се очекува да биде и попладнево, па заедно со верните симпатизери да се прослави нова победа за Македонија.
На овој натпревар ќе недостасува повредениот Елмас, но оние кои ќе истрчаат на теренот, ветуваат дека ќе го дадат максимумот да се оствари целта.
Натпреварот Македонија – Фарски Острови што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне од 15 часот. Директниот телевизиски пренос може да го следите на програмите на МРТ1 и МРТ3.