Македонија славеше над Летонија со 1-0 во натпреварот од Лигата на нациите одигран вечерва во Скопје. 

Како и што очекуваа во таборот на црвено-жолтите, вечерашниот меч беше потежок од првиот во Рига.  Летонците се бранеа со сите сили, а отпорот го скрши Никола Серафимов. 

За младиот фудбалер ова беше дебитантскиот гол во сениорскиот национален тим. Серафимов по натпреварот изјави дека најважно од се е што Македонија победи и ги освои трите бодови.