Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, утре ќе го игра првиот од двата последни натпревари во Лигата на Нациите.
Противник на македонските фудбалери ќе биде селекцијата на Летонија која минатиот месец ја совладаа на гостински терен во Рига.
Дефанзивецот Ѓоко Зајков смета дена утрешниот ќе биде поинаков од првиот и ќе мора да се одигра максимално фокусирано.
„Победивме на првиот натпревар, меѓутоа резултатот не беше слика на тој натпревар.
Летонија е добар противник и мислам дека на овој натпревар треба многу повеќе фокусирани. Едноставно мора да дадеме максимум во одбрана и во напад и да потврдиме дека сме биле подобар противник“, изјави Зајков.
Тој уште еднаш ја потврди мотивираноста на сите во националниот тим, без разлика на противникот, секогаш да се атакува на победа.
„Сите се чувствуваме добро и владее некоја еуфорија кај нас.
Добро е што ќе ги играме двата последни натпревари дома пред наша публика. Ќе се потрудиме нели на двата натпревари да победиме, што ќе ни значи многу за понатаму.
Без разлика за сите натпревари ние исто се подготвуваме, дали играме со Италија или со Летонија.
Секој натпреварот се подготвува исто, значи се прават анализи, тренираме на максимум, се спремаме тактички и на секој натпревар влегуваме со иста цел да победиме“, заклучи Зајков.
Натпреварот Македонија – Летонија ќе се игра утре на арената „Тодор Проевски“ со почеток од 20.45 часот.