Фудбалската репрезентација на Македонија ги одработува мини подготовките за последните два натпревари во Лигата на нациите.
Македонските фудбалери во четврток ќе играат против Летонија, а во недела против Фарските Острови.
Целта е јасна да се освои барем еден бод со кој ќе се потврди првото место во групата. Но, во мислите на црвено-жолтите се само победи во двата натпревари со кои ќе потврдат дека не случајно се најдобри во оваа конкуренција.
„Домашниот терен е наша мотивација за победа на претстојните мечеви.
Нема да бидат лесни натпреварите, денеска сите селекции се на високо ниво.
Важно за тимот е да бидеме успешни, ќе добиеме на самодоверба, а тоа може многу да ни значи за идните предизвици”, вели Дарко Чурлинов.
Двата натпревари ќе се играат на националната арена „Тодор Проевски“, а картите за овие дуели се веќе во продажба по цени од 200 и 400 денари