Кошаркарите на Пелистер оптимистички го очекуваат денешниот дуел во Сомбор против екипата на Џокер во 4.коло од АБА2 лигата.

Српскиот тим кој е најпријатното изненадување досега со три победи на исто толку одиграни натпревари. Но тоа е мотив повеќе за избраниците на Александар Петровиќ да му го нанесат првиот пораз.

„Извлековме поуки од првиот меч, скокот одлучи во тој дуел.

Ако го исконтролиравме тој дел од играта и ја спречиме нивната транзиција, имаме шанса за добра игра и се надеваме на победа.

Атмосферата во соблекувалната е одлична, имаме мотиви за победа, овој натпревар многу ни значи.

Повторно имаме проблеми, нема да може да настапат Бојиќ и Бошалевски, но нема да бараме алиби, подготвени сме да одиграме добар меч и ако ни се укаже можност да славиме победа“, изјави тренерот  тренерот Александар Петровиќ.

Натпреварот Џокер – Пелистер кој е во рамките од „Ц“ групата ќе почне од 18 часот.