Тешка победа постигнаа македонските ракометари на стартот од квалификациите на ЕП 2026 во Скопје совладана е Естонија со 37:33 (20:20).

Натпреварот Македонија го почна добро и ги казнуваше грешките на противникот и брзо стигна до три позитива (4:1). На стартот Кузмановски беше ефикасен и постигна 5од првите 6 голови за нашиот тим. Во 15.минута ја имавме и највисоката предност од +4 (12:8), но тука како да почнаа проблемите за нашиот тим.

Слабата игра во одбраната продолжи, а противникот лесно стигнуваше до “отворен шут”. Индивидуалните потези и голови во нападот на Митев ја одржуваа предноста. Во 23.минута Естонија намали на -1 (16:15), а во 28.минута изедначи на 19:19.

Во првите 10 минути од вториот дел Естонија имаше предност од еден гол разлика а во 39.минута поведоа и со 26:24, откако претходно Кизиќ ја запиша и првата одбрана на нашите голмани, а брзо имаше уште две. По серијата од 4-1 за Македонија и двата гола од контра на Иван Џонов нашиот тим поведе во со 28:27 во 43.минута.

Следуваа неколку одбрани на Кизиќ, а Серафимов реализираше во вториот дел и стигна до 9 голови за 31:28 за Македонија. Во 49.минута Македонија поведе со 32:28 највисоките +4. Во последните 10 минути Македонија стартуваше со +5 (34:29).

Најефикасен во македонската репрезентација беше Серафимов со 10 голови.

Следниот натпревар македонските ракометари ќе го играат во недела и тоа на гостински терен против Литванија која утре игра против Словенија.