Одбојкарките на македонскиот шампион Работнички се пред елиминација од европската сцена. Откако беше елиминирани од Лигата на шампионите, тимот на Работнички го продолжи својот настап во ЦЕВ купот.

Во првиот натпревар од 1/16-финалето одигран во Романија вечерва, одбојкарките на Работнички загубија во три сета (0:3) од тимот на Алба Блаж.

Македонскиот шампон беше рамноправен до средината на првиот сет, по што на секој освоен поен, правникот одговараше со три во своја полза. Алба Блаж го доби сетот со 25-17.

Во вториот сет рамноправно се играше само до 5-4 за противникот. Потоа романската екипа со низа од 12 освоени поени поени најави ја разреши дилемата и за тој сет што го доби со 25-8.

Третиот сет беше само чиста формалност, а и тој одбојкарките на Алба Блаж со 25-8.

Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра следниот вторник (12 ноември) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот. Инаку победник од овој двомеч во осминафиналето ќе игра против чешката екипа Простејов.