Машка ракометна репрезентација на Македонија од вчера е собирана во Скопје. Црвено-жолтите одработуваат мини подготовки за првите два натпревари во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
Македонија квалификациите ќе ги почне до дуелот против Естонија на домашен терен, а потоа ќе и гостува на Литванија. Во нашата „А“ група е и селекцијата на Словенија. Ова е одлична група од која двете прво рангирани ќе обезбедам место на ЕП што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка
Искусниот бек Филип Кузмановски вели дека нема да биде потценет ниту еден противник и дека сите ракометари ќе играат максимално.
Кузмановски го радува одличната атмосфера која владее во тимот и фактот дека Македонија на последните натпревари покажа дека има квалитет.
Натпреварот со Естонија е ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во среда со почеток од 20 часот. Картите за овој дуел веќе се во продажба по цена од 200 и 300 денари, преку мрежата на МК Тикетс.
Дуелот со Литванија на програмата е четири дена подоцна (10 ноември – недела) во терминот од 17 часот.