Македонскиот вицепрвак Пелистер утре пред своите симпатизери во Битола ќе го игра третиот натпревар во АБА2 лигата. 

Во рамките на „Ц“ групата пелистерци го пречекуваат српскиот тим Џокер. 

Екипата чиј сопственик е НБА ѕвездата Никола Јокиќ е пријатно изненадување. Во првите два натпревари тимот од Самобор забележа две победи, за Пелистер има половичен учинок. 

Затоа од големо значење е зелено-белите утре да слават победа за да останат во игра за едно од двете места што водат во разигрувањето.

„Морам да ја пофалам нашата публика, оваа сезона пријатно сме изненадени и поддршката која ја добиваме.

Би сакал да ја поканам во среда во исклучително важен натпревар во овој многу значаен натпревар за нас, во кој не ни преостанува ништо друго туку да одиме на победа.

Поразот од Гостивар беше шок за сите, но тоа е веќе зад нас, сега сме насочи кон тимот на Џокер.

Многу важен момент за нас ќе биде пристапот и енергијата со кои треба да го одиграме овој натпревар“,

изјави капитенот на Пелистер, Александар Костовски. 

Дуелот што ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе почне од 18 часот.