Во второто по квалитет европско натпреварување, Луга Европа, комплетирана е третата рунда.

Дербито се одигра во Истанбул каде Фенербахче го пречека Манчестер Јунајтед. Во интересен, борбен и отворен натпревар на двете страни екипите освоија по еден бод играјќи 1-1.

Манчестер имаше предност по првото полувреме откако Данецот, Ериксен во 15-тата минута погоди за 0-1. Израмнувањето стигна на самиот старт на во вториот дел (49) со голот на Мароканецот, Ен Несири .

Во Лондон, фудбалерите на Тотенхем се изнамачија да стигнат до трите бодови во дуелот со АЗ Алкмар. „Спарси“ славеа со 1-0 со голот од пенал во 52,минута на Бразилецот, Рилчарлисон.

Изненадување приредија фудбалерите на Бешикташ кој во Лион го победија Олимпик со 1-0 со погодокот на Португалецот, Гетсон Фернандеш.

По три одиграни кола со исто толку победи на водечките три позиции се Лацио, Тотенхем и Андерлехт.