Фудбалерите на Барселона го добија дербито на третото коло во Лигата на шампионите против минхенски Баерн убедливо со 4-1. Јунак на каталонската екипа беше Бразилецот, Рафиња кој постигна три гола.

Со неговиот гол уште во првата минута Барса поведе со 1-0. Хари Кејн во 18-тата го израмни резултатот. На одмор сепак Барса замина со два гола предност. Левандовски во 36-тата и Рафиња во 45-тата минута ги постигнаа головите. Во вториот дел Бразилецот дојде до хет-три во 56-тата минута зголемувајќи на 4-1.

На останатите вчерашните натпревари, половичен учинок на македонските фудбалери.

Ристовски и Адеми со Динамо Загреб на гостински терен го победија Салцбург. Токму Ристовски со две асистенции беше еден од најзаслужните за победата на Динамо, з акој головите ги постигнаа Куленковиќ (49) и Петковиќ.

Репрезентативецот, Ељиф Елмас одигра 10-тина минути за Лајпциг во дуелот со Ливерпул кој заврши со победа на гостите со 0-1.

Очекувана и убедлива победа забележа и англискиот шампион Манчестер Сити кој ја совлада Спарта Прага. Хананд постигна два гола, а во листата на стрелци се запишаа и Фоден, Стоунс и Нуњес.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3.КОЛО (среда)

Барселона – Баерн Минхен 4-1
Лајпциг – Ливерпул 0-1
Салцбург – Динамо Загреб 0-2
Атлетико Мадрид – Лил 1-3
Бенфика – Феенорд 1-3
Манчестер Сити – Спарта Прага 5-0
Јанг Бојс – Интер 0-1
Аталанта – Селтик 0-0
Брест – Баер Леверкузен 1-1