Се одиграа првите два натпревари од новата сезона во НБА лигата. Шампиони

Бостон забележаа убедлива победа на воведниот меч во „ТД Гарден“ против Њујорк Никс, а Лејкерси славеа и против Минесота. Првата вечер ја одбележаа Џејсон Тејтум и Ентони Дејвис, а таткото и синот Џејмс за прв пат играа заедно.

Селтикси покажаа колку се моќни уште од првиот натпревар, славеа со високи 132:109, над Никс. Шампионот имаше шутерско шоу погодувајќи дори 29 тројки.

Џејсон Тејтум беше лидер со 37 поени (8/11 тројки) и десет асистенции. Дерик Вајт додаде 24 поени (6/10 тројки), Џејлен Браун со 23 поени (5/9 тројки).

Леброн Џејмс и Брони Џејмс официјално станаа првите татко и син кои заиграле заедно на НБА натпревар. Брони доби само три минути, а Леброн одигра на своето ниво. ЛА Лејкерс славеше над Минесота Тимбервулвс со 110:103.

Џеј Џеј Редик може да биде задоволен, во своето тренерско деби во НБА лигата успеа да победи. Ентони Дејвис постигна 36 поени со 16 скока, Руи Хачимура додаде 18 поени и пет скока, додека Леброн имаше 16 поени и пет скока.