Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид.
Ова е договорено на денешната средба во Охрид на меѓу градоначалникот Кирил Пецаков од една и Муамед Сејдини првиот човек на ФФМ.
Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ на стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди.
Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето.
Со тоа стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект подготвен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација.
Со овој проект Охрид ќе стане значаен центар на фудбалот и со меѓународна спортска инфраструктура.