Во Првата машка кошаркарска лига, викендов ќе се играат натпреварите од третото коло. Најголемо внимание ќе привлече вечното дерби меѓу најтрофејните екипи, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром секако ја има улогата на фаворит, но аеродромци се во резултатска криза. Поразите од Цедевита во АБА2 лигата и Пелистер во домашното првенство, го „запалија алармот“ во сино-белиот табор. Од друга страна, Работнички кој оствари победи во првите две кола, ги засилија своите редови со искусниот плејмејкер Дубински. Сепак, на последните 12 одиграни натпревари, Работнички има само едена победа против МЗТ и тоа во јануари месец годинава.

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром што ќе се игра во СЦ „Кале“ е еден од четирите натпревари кои на програмата се денеска.

Сите натпревари може да го гледате на едно место ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3.коло
Сабота

13.30 ТФТ – КОЖУВ
16.00 ВАРДАР – ФЕНИКС
18.00 РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
19.00 ЧАИР – ШКУПИ
Недела
19.00 ПЕЛИСТЕР – МКК КУМАНОВО