Кошаркарите на Пелистер конечно му се реваншираа на МЗТ Скопје за сите порези во дуелите за трофеј. Овојпат пелистерци во дуел од 2.коло на Првата лига славеа минимална победа со 68-67.
Интересен натпревар одиграа вицепрвакот и шампионот, во кој двата тима имаа свои добри и лоши периоди. Најголемата предност на која ја имаа гостите изнесуваше 6, а домаќините 5 поени. Затоа натпреварот се решаваше во последните два напади.
На 4.4 секунди до крајот Антоан донесе поен предност за пелистерци (68-67). По тајм-аутот одговорноста кај МЗТ ја презеде Американецот, Слај чиј обид за победа не беше успешен.
Токму Американецот, Антоан со 16 поени беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа, за која Костовски постигна 13, а Бојиќ 10 поени. Бадијала Слај со 13 поени беше прв стрелец кај МЗТ кога Американецот ги промаши клучните два шута.
Во сенка на дербито во Битола, минаа останатите денешни натпревари. Во оние завршените до сега. Екипата на МКК Куманово по дополнителни пет минути славеше победа во дуелот со Кожув. Голема неизвесност имаше и на натпреварот во Гостивар каде за поен подобри од домаќините беа кошаркарите на ТФТ.
Во тек е дуелот Шкупи – Работнички, а останатите два од ова коло ќе се играат утре.
ПРВА ЛИГА – 2.КОЛО
САБОТА
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 68-67
ГОСТИВАР – ТФТ 60-61
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 93-89 (79-79)
19:30 ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА
17:00 ФЕНИКС – ЧАИР
17:00 КОЖУВ – ВАРДАР