Во фудбалската Лига на шампиони комплетирано е второто коло.

Од македонските интернационалци вечерва настапија само двајца. Стефан Ристовски и Аријан Адеми со својот Динамо Загреб испуштија победа. Популарните „модри“ имаа два гола предност во дуелот со Монако кој заврши 2-2.

Петар Сучиќ во судиското дополнение на првиот дел (45+3) го постигна првиот, а Мартин Батурина (65) на ефектен начин вториот гол. Гостите од Франција, преку Салусу (74) и Закарија (90) од пенал се спасија од пораз.

Ељиф Елмас од клупата за резерви играчи го изгледа супер интересниот натпревар меѓу неговиот Лајпциг и Јувентус кој заврши со победна на гостите со 2-2. Натпреварот го одбележаа Словенецот, Шепко и Србинот, Влаховиќ кои постигнаа по два гола, но и пресвртот на Јуве со играч помалку.

Бенџамин Шешко во 30-тата и 64.минута од пенал ги постигнаа головите за германскиот тим. Душан Влаховиќ (50.минута) го постигна голот за Јувентус кој од 60-минута остана со играч помалку откако голманот Ди Григорио заработи директен црвен картон. Јуве од пораз го спаси Влаховиќ со евроголот постигнат во 69-тата минута. Пресвртот и радоста на Јувентус им ја донесе Франциско Консеисао со голот во 83-тата минута.

Неочекувано, актуелниот шампион Реал Мадрид и минхенски Баерн Минхен загубија на гостувањата кај Лил и Астон Вила со 0-1.

Сигурна победа славеше Ливерпул кој на „Енфилд“ ја совлада Болоња, додека Бенфика го надигра Атлетико Мадрид.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (СРЕДА)
РБ Лајпциг – Јувентус 2-3
Динамо Загреб – Монако 2-1
Лил – Реал Мадрид 1-0
Астон Вила – Баерн Минхен 1-0
Бенфика – Атлетико Мадрид 4-0
Ливерпул – Болоња 2-0
Штурм Грац – Клуб Бриж 0-1
Џирона – Феенорд 2-3
Шахтјор – Аталанта 0-3