Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го имаше своето деби во Лигата на шампионите. Тој со својата нова екипа Џирона го пречекаа холандскиот Феенорд.

Шпанската екипа загуби од Феенорд поред своите симпатизери со 2-3 во натпревар од 2.коло на елитното натпреварување.

Штипјанецот кој беше во стартниот состав на Џирона и одигра 75.минути не реализира пенал. Имено при водство на гостите од 1-2, во 51.минута беше досудена најстрога казна за Џирона. Одговорноста ја презеде Миовски, но неговиот удар гостинскиот голман го одбрани.

Само шеесетина секунди подоцна Миовски се обиде и со глава, но и во таа ситуација Веленројтер беше поуспешен.

За Џирона ова беше втор пораз, откако во првото коло загуби на гостувањето кај ПСЖ. Феенорт ја оствари првата победа.

Во вториот натпревар од денешната програма, Аталанта убедливо како гостин го совлада Шахјор со 3-0.

Вечерва од 21 часот ќе се играат уште шест натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (СРЕДА)
РБ Лајпциг – Јувентус
Динамо Загреб – Монако
Лил – Реал Мадрид
Астон Вила – Баерн Минхен
Бенфика – Атлетико Мадрид
Ливерпул – Болоња
Штурм Грац – Клуб Бриж
Џирона – Феенорд 2-3
Шахтјор – Аталанта 0-3