Додека македонската спортска јавност, пред се кошаркарска, беше насочена кон настапот на нашата репрезентација во претквалификациите за Евробаскетот 2025-та, светската ги следни завршните натпревар во Мундијалските квалификации.
Од европската зона останува само уште едно слободно место на СП.
Ова откако селекциите на Црна Гора и Грузија ги добија директните дуел со конкурентите. Црногорците на домашен терен ја надиграа Чешка со 88-70, и завршија како трето пласирани зад Франција и Литванија во третата група.
Во четвртата Грузија иако загуби од Исланд 77-80, сепак се пласира на Мундијалот, бидејќи на противникот му беше потребна победа од 4 поени, па Грузија за прв пат на Светското првенство, на кое европскиот првак Шпанија и селекцијата на Италија веќе имаа обезбедено пласман од оваа конкуренција.
Денеска се играат последните натпревари од првите две групи, од кои во веќе е јасно дека Финска, Германија, Словенија, Летонија и Грција го осигураа своето место на Мундијалот, па останува само уште едно слободно.
Најблиску до него е Србија која пред својата публика игра против Велика Британија, меч во кој Србите важат за фаворити. Евентуален нивни кикс очекува селекцијата на Белгија која пред својата публика ја пречекува отпишаната Турција.
Светското кошаркарско првенство чиј домаќини ќе бидат, Јапонија, Индонезија и Филипини ќе се одржи од 25 август до 10 септември.