Во фудбалската Лига на шампони денеска и утре ќе се играат натпреварите од второто коло.
Новиот систем практично нуди по неколку дерби дуели во секоја рунда, па таква ќе биде и оваа. Првото коло беше супер ефикасно, а како ќе мине второто останува да видиме.
Во Лондон и Леверкузен се очекува да биде интересно и неизвесно.
На „Емирати“ фудбалерите на Арсенал ќе го пречекаат францускиот ПСЖ. Германскиот шампион Баер ќе биде домаќин на Милан.
Истовремено во Милано кај италијанскиот шампион Интер гостува Црвена Звезда. Овие како и уште четири дуели ќе почнат во вечерниот термин од 21 часот.
Претходно (18.45 часот) ќе се играат натпреварите во Салцбург и Штутгарт.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО (ВТОРНИК)
18:45 Салцбург – Брест
18:45 Штутгарт – Спарта Прага
21:00 Арсенал – ПСЖ
21:00 Баер Леверкузен – Милан
21:00 Интер – Црвена Звезда
21:00 Барселона – Јанг Бојс
21:00 Слован Братислава – Манчестер Сити
21:00 Борусија Дортмунд – Селтик
21:00 ПСВ – Спортинг Лисабон