Анхел Кореа беше херој на Атлетико Мадрид во дербито против Реал Мадрид. Натпреварот кој беше прекинат поради инцидент од страна на домашните фанови заврши со резултат од 1:1.
Првото полувреме мина здодевно во коешто гостите имаа повеќе шанси, но ниту еднаш на постигнаа гол. Резултатот се отвори во 64.та минута по голот на Едер Милитао за 1:0 за Реал.
Набргу натпреварот беше прекинат поради недоличното однесување од страна на фановите на Атлетико кои со тврди предмети фрлаа по играчите на Реал. Натпреварот беше прекинат безмалку 20 минути.
Пред самиот крај Анхел Кореа се најде во убава ситуација и постигна гол за 1:1, кој на прв поглед делуваше како офсајд, но по брзата ВАР проверка и реакција беше исправен.
На крајот со реми мораа да се задоволат двете мадридски екипи кои не го искористија киксот на Барселона против Осасуна. Реал Мадрид е втор во Ла Лига со 18 бода на 8 одиграни натпревари додека Атлетико е третопласиран со 16 бода. Барселона е лидер со 21 бод во Ла Лига.