Попладнево во Скопје ќе се одиграат два супер интересни дуели во кои партиципираат две битолски екипи на Пелистер.
Ракометарите ги чека тешко гостување кај Вардар во „Јане Сандански“, а кошаркарите против МЗТ Скопје ќе играат во „Кале“.
Навивачката група на зелено-белите популарните „Чкембари“ веќе го најавија своето бројно присутно на ракометното Супер дерби. Околу 200 навивачи на битолскиот клуб ќе бидат присутни во „Јане Сандански“ на дуелот што ќе почне од 17.45 часот.
По завршувањето на овој дуел, се очекува голем дел од навивачката група да се упати и кон СЦ „Кале“. Таму од 19.30 часот кошаркарите ќе се обидат да стигнат до својот прв историски трофеј и тоа во кошаркарскиот Супер куп.
Термините на двата натпревари сигурно не се во полза на никој љубител на спортот што сака на лице место да ги следи истите. Сепак може да очекуваме убави спортски претстави не само од актерите на теренот туку и на трибините.
Дуелот на „Чкембари“ против „Комити“, а потоа и „Фемили Аеродром“ само треба да го надополни амбиентот во двете спортски арени. Секако очекуваме тоа да биде во фер и коректна атмосфера во која ќе победи спортот.
Оние кои не ќе можат да присуствуваат на лице место, натпреварите ќе може да го ГЛЕДААТ ВО ЖИВО ОВДЕ.