Македонскиот одбојкарски првак Струмица по елиминацијата во Лигата на шампионите ќе го продолжи својот настап на европската сцена.
Струмичани го загубија двата меча со 0-3 против Олимпијакос, па сега ќе игра во ЦЕВ купот.
Во него македонскиот шампион за противник во првото квалификациско коло ќе го има стариот познаник. Тоа е унгарскиот тим Фино Капошвар тим против кој лани играше во квалификациите за ЛШ. На турнирот во Бургас, струмичани беа убедливо поразени до 0-3.
Сега во ЦЕВ Купот, Струмица и Фино Капошвар ќе се судрат во два меча. првиот ќе се одигра во Струмица на 8 октомври (19 часот), а реваншот во Унгарија е седум дена подоцна.