Фудбалерите на Барселона ја остварија шестата победа во шестниот натшпревар од новата сезона во Ла Лига.
на гостувањето кај Виљареал, Барселона славеше убедливо со 5-1, а можеше и повеќе.
Роберт Левандовски во првиот дел постигна два гола (20 и 35.минута), но не реализира и пенал во вториот дел (66).
Домаќините имаа негатива од 1-2 по првиот дел откако Перез погоди во 38-та минута.
Два гола на каталонскиот клуб постигна и Рафиња (75 и 83), а во меѓувреме и Феран Торес се запиша во листата на стрелци.
Барселона со максимални 18 бодови е лидер на табелата и повторно има четири повеќе од Реал Мадрид.