Раководствотона УЕФА предводено од претседателот Александар Чеферин во француски Кан, организираше состанок со Претседателите и Генералните секретари на 55-те членки. Фудбалската федерација на Македонија беше претставуванаод претседателотМуамед Сејдинии и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.
На заедничката работилница се дискутираше за новостите во фудбалот на националнитетимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата„Хеттрик“.
На тема клупски фудбал се разговараше за новиот формат на клупските натпреварувањаираспределбата на средствата. Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа изакандидатите за организација на иднитесветски првенства, Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 година и Саудиска Арабија во 2034 година.
Во рамки на работниот дел од состаноцитесе одржаа две одделни работилници –на првата серазговараше за односите на УЕФАсоклучните чинители, ана втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.
Главните размислувања на тематаза влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот. Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди.