За денеска се закажани последните шест натпревари од првото коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец Ељуф Елмас со својата екипа Лајпциг ќе има тешко гостување во Мадрид кај Атлетико. Овој натпревар ќе се игра од 21 часот.

Покрај него интересно се очекува да биде во Бергамо, каде Аталанта го превлекува Арсенал. Во останатите два во вечерниот термин ќе играат Монако – Барселона и Брес – Штурм

Претходно од 18.45 часот на програмата се два натпревари. Во нив во Белград, Црвена Звезда ја пречекува Бенфика, а
Феенорд е домаќин на Баер Леверкузен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО

четврток
18:45 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БЕНФИКА
18:45 ФЕЕНОРД – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
21:00 АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛАЈПЦИГ
21:00 АТАЛАНТА – АРСЕНАЛ
21:00 МОНАКО – БАРСЕЛОНА
21:00 БРЕСТ – ШТУРМ

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ И ГОЛОВИ (ВИДЕО) НА ЕДНО МЕСТО