Ако денот по утрото се познава, тогаш во продолжението на ракометната сезона во македонската Првата лига не очекуваат големи возбудувања.

Вистинска драма се случуваше на натпреварот во Бутел, каде екипата на Шампиони минимално со 29-28 го совлада составот на Младост.

Иако на 15 секунди пред крајот домаќините имаа шанса да го решат натпреварот но не реализираа седмерец, по тајм-аутот на спротивната страна гостите имаа двојна шанса за израмнување.

Но. Во двата обиди стативата беше сојузник на домашниот тим, па Шампиони се радуваа на победа.

Со триумф на домашен терен, стартуваше и екипата на Голден Арт Аеродром која во дуелот со Преспа од Ресен славеше победа со 29:24

Во составот на Голден Арт Аеродром најефикасен беше Андреј Божиновски со 7 голови, а одлична партија имаше и Александар Стојменов кој средбата ја заврши со 6 постигнати голови.


Денеска на програмата се нови три натпревари, во кои исто така очекуваме неизвесни дуели.

Двојките се:
 15:00 часот   КИЧЕВО   –   МУЛТИ ЕСЕНС
 15:30 часот   МЕТАЛУРГ РА –   ДРАЧЕВО
 16:00 часот   БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД –   МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

Натпреварите можете да ги гледате со едноставен клик на дуелот што сакате да го следите.