Новото издание на фудбалската Лига на шампиони, со нов формат во групната фаза започнува денеска.

Во неа 36 екипи ќе играа во единствена лига (група).

Македонија во шампионската конкуренција на УЕФА, годинава ќе има четворица свои претставници.

Први на теренот (вечерва) ќе излезат екс-репрезентативците, Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Тие со својот Динамо Загреб гостуваат во Минхен кај германскиот вице првак Баерн.

Утревечер, свое деби во Лигата на шампионите се очекува да има Бојан Миовски. Штипјанецот со својот нов клуб шпанската Џирона ќе гостува во на „Паркот на принцовите“ кај ПСЖ.

И Ељиф Елмас со својот Лајпциг во првата рунда го чека тешко гостување. Германскиот тим ќе игра во Мадрид против Атлетико во четврток вечер.