Со шестите натпревари што ќе се одиграат денеска, ќе почне новото издание на Лигата на шампионите. Квалификациите се одамна зад нас, па сега на ред е групната фаза.

Новиот формат, зголемен број на учесници и повеќе натпревари ќе се играат и гледаат од оваа сезона.

Сега 36-те екипи се во една лига (група) во која ќе одиграат по осум натпревари со различни противници, по четири дома и на гости.

Осумте најдобри обезбедуваат директно учество во осминафиналето. Оние кои ќе заврши од 9-24.место ќе разигруваат за осминафинале, а останатите ќе го завршат настапот на европската сцена.

Натпреварите во групата ќе се играат се до 29 јануари, нокаут-фазата ќе почне на 11 февруари, а финалето ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Трофејот ќе го брани Реал кој вечерва во Мадрид го пречекува германскиот шампион Штутгарт.

Само првото коло ќе се игра во три дена, почнувајќи од вечерва до четврток.

УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО

вторник
18:45 ЈУВЕНТУС – ПСВ
18:45 ЈАНГ БОЈС – АСТОН ВИЛА
21:00 МИЛАН – ЛИВЕРПУЛ
21:00 БАЕРН МИНХЕН – ДИНАМО ЗАГРЕБ
21:00 РЕАЛ МАДРИД – ШТУТГАРТ
21 :00 СПОРТИНГ – ЛИЛ