Екипата на Интер Мајами ја продолжува победничката низа во американската МЛС лига. Тимот од Флорида до повредата над Филаделфија со 3-1 стигна благодарение на Лионел Меси и Луис Суарез.
А, лоши почна натпреварот во Мајами за домаќините. Гостите на истекот на првата минута со голот на Данецот, Микаел Ухре поведоа со 0-1. Имаа уште три супер шанси гостите во водените 20.минути, но не ги искористија.
Затоа за само четири минути, Лионел Меси го најави комплетниот пресврт. Аргентинецот кој подолг период беше без настап поради повреда постигна два гола. Првиот за израмнување (1-1) во 26.минута по асистенција на Луис Суарез.
Веќе во 30-тата Меси повторно беше прецизен, а овојпат му асистираше екс соиграчот од Барса, Жорди Алба.
На истекот на првиот дел Меси асистираше до Суарез кој постигна гол, а беше поништен. Но затоа оној длабоко во судиското дополнение (90+8), беше „чист“, а за 3-1 повторно се погрижија Меси со асистенција и Суарез со погодок.
Така тимот чиј сопственик е легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, пети натпревар во низа славеше триумф. Мајами е лидер во Источната конференција со 10 бодови повеќе од второ пласираниот Синсинати.