Актуелниот шампион Манчестер Сити ја оствари и четвртата победа во Премиер лигата, а Ливерпул не успеа да остане максимален.
Во дуелите од четвртото коло на Премиер лигата, Сито го совлада Брентфорд со 2-1, а Ливерпул загуби од Нотингем Форест со 0-1.
Натпреварот на „Етихат“ лошо почна за домаќините. Уште во првиот напад, а по само 22.секунди игра Виса му донесе водство на Брентфорд со 0-1.
Избраниците на Гвардиола брзо ги консолидираа редовите, па со двата гола Ерлинг Хананд на одмор замина со водство од 2-1. Првиот гол Норвежанецот, постигна во 19.минута по акцијата на Де Бруине. Во 32.минута по долгиот дегажман на голманот Едерсон, Халанд убаво се снајде во ситуација еден-на-еден и втор пат ја затресе противничката мрежа. Тоа подоцна се покажа како конечен резултат на натпреварот.
На „Енфилд“ неочекуван пораз претрпе Ливерпул од Нотингем Форест со 0-1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Калум Хадсон-Одои во 72-та минута.
Така сега само шампионот Манчестер Сити има максимален учинок по четири одиграни кола со 12 освоени бодови, а Ливерпул е втор со девет.