Репрезентациите на Хрватска и Португалија славеа победи над Полска и Шкотска во најсилната „А“ конкуренција на Лигата на Нациите.
Во дуелите од групата 1, Хрватите ја совладаа Полска со 1-0. До триумфот „коцкестите“ ги одведе Лука Модриќ со евроголот постигнат во 52-та минута.
Португалија пак до вториот триумф ја доведе Кристијано Роналдо. На дуелот во Лисабон, Шкотите поведоа во 7-та минута со голот на МекТоминеј.
Пресвртот домаќините го направија во вториот дел. Прво Бруно Фернандеш (54) израмни на 1-1, а Кристијано Роналдо (88) им донесе радост на Португалците.
Токму Португалија е лидер на табелата со 6 бодови, пред Хрватска и Полска кои имаат по 3, а Шкотска е на нула.