Европскиот шампион Шпанија ја оствари првата победа во Лигата на нациите. Откако пред три дена одигра без голови со Србија, вечерва Шпанија ја демолира Швајцарија со 4-1.

На гостувањето во Женева „црвената фурија“ започна фантастично и со головите на Хоселу (4,минута) и Руис (13) поведе со 2-0.

Но, во 20-тата минута гостите останаа со играч помалку откако Ла Норманд заработи директен црвен картон. Тоа го казни Амдуни кој во 41-минута намали на 1-2.

Во вториот дел домаќините се обидуваа да стигнат до израмнување, а Шпанците со брзи контри се закануваа. Такви беа ситуациите во 77-мата и 88.минута кога Руиз и Феран Торес постигнаа голови за конечи 4-1 за Шпанија.

Претходно во истата грипа „4“ Данска стигна до втората победа совладувајќи ја Србија со 2-0. Стрелци на головите за Данците беа Гронбек (36) и Поулсен (61).

Данска е лидер на табелата со 6 бодови пред Шпанија со 4, Србија со 1 и Швајцарија без освоен бод.