Екипата на Борусија Дортмунд избива на првото место во германската Бундес лига.
Ова откако полупразните „милионери“ попладнево во натпревар од 22-то коло одигран на гостински терен го победија Хофенхајм минимално со 1-0.
Стрелец на победничкиот гол за тимот од Дортмунд беше Јулијан Брант во 43-тата минута.
Со новите бодови и вкупно 46, сега Бурусија избива сама на првото место на табелата со три бодови повеќе од конкурентите Баерн Минхен и Унион Берлин екипи кои утре од 17:30 часот во Минхен ќе го одиграат меѓусебниот дуел од оваа рунда.