Со натпреварот одигран во Менхенгладбах во кој актуелниот шампион Баер Леверкузен ја победи Борусија почна новата сезона во Бундес лигата.
Онака како што ја завршија претходната, така ја почнаа и новата фудбалерите на Чаби Алонсо. По веќе којзнае кој пат во судиското дополнение „фармацевтите“ славеа победа и тоа со гол во 101.минута со 3:2.
Се започна со фантастичен гол на Гранит Џака, за водство на гостите. Баер не застана тука, па во 38.минута Флоријан Виртц зголеми на 2:0.
Во вториот дел домаќините ја анулираа негативата. Во 59 минута Нико Елведи погоди за 1:2, а во 95-тата Тим Клајндиенст израмни 2:2.
Кога се чинеше дека на крајот ќе ги поделат бодовите, во десеттата минута од судиското дополнение (100-та) беше досуден пенал за гостите.
Јонас Омлин го прочита ударот на Вирц и го одбрани, но Вирц ја поправи грешката па одбиената топка ја смести во мрежата за победа на Баер со 3:2.