На големиот македонски празни Илинден, традиционално во Охрид се одржува пливачката манифестација „Илинденски куп“ или популарниот „мал“ маратон. Така е и утринава.
И годинашното 45-то издание на „Илинденскиот куп“ е во организација на клубот „Охридски бранови“, а под покровителство на Општина Охрид.
Годинава ќе учествуваат над 60 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи (категории). Првата е на пливачи над 16 годинашна возраст, а втората помлади од 8 до 15 години.
Стартот кој вообичаено е на плажата „Горица 1“, на првата група е во 10.30 часот, а половина час подоцна (11), ќе почне втората група.
Патеката до охридското пристаниште односно целта пред хотел „Нова Ривиера“ е долга 2,5 километри.
Инаку овој натпревар е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање, односно трета трка во календарот.