На вториот натпреварувачки ден на Летните Олимписките игри во Париз, настапи и вториот македонски олимпиец Анастасија Мојсовска.
Во своето деби на игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Во квалификациската рунда, Анастасија по шесте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8.
Тој резултат ја рангира на 31.место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое и избега за 6 круга.
За македонските олимпијци, следниот настап е во вторник (30 јули), кога џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограми.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА