Со фудбалските и натпреварите во рагби 7, започна натпреварувачкиот дел на ОИ во Париз. Иако до официјалното отворање остануваат уште два дена, олимпијците полека ги исполнуваат борилиштата.
Меѓунив се и шестмината Македонски кои ќе настапат на оваа олимпијада. А, една од нив веќе имаше можност да се запознае со условите.
Нашите спортисти ги одработија своите први тренинзи.
По сместувањето во олимпиското село, за спортско стрелаштво кое се наоѓа на 275 км од Париз, денес Анастасија Мојсовска го одржа првиот контролен тренинг.
Анастасија истиот го одработи на ниво во нашите планирани очекувања. До натпреварот на 28-ми јули во 9 часот ќе имаме уште два тренинга, на 25-ти и 27-ми јули, кои се доволни за аклиматизација на стрелците, а условите во стрелиштето се одлични.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА