Најголемиот светски спортски настан годинава се Летните Олимписки Игри (ЛОИ). Француската престолнина или како го нарекуваат „Градот на светлината“, Париз, ќе биде домаќин на игрите што ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024.

На 33-тите Летни Олимписки Игри, ќе настапат вкупно 206 земји со 10,500 спортисти. Македонија на овие игри ќе биде претставувана од шестмина спортисти и четворица судии. 

Поради повреда, својот настап на Олимпијадата го откажа пливачката Ева Петровска.

Покрај спортистите ќе имаме претставници и меѓу арбитрите. Ѓорѓи Начевски и Славе Nиколов ќе судат на ракометниот турнир. Анета Павловска ќе ја гледаме на тениските терени, а Иван Михајловски ќе биде на триатлонската патека.

Тој повод денеска во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) се одржа средба со медиумите. 

Македонски спортисти на ОИ во Париз

редоследно на фотографијата од лево кон десно
ДАРИО ИВАНОВСКИ – атлетика (маратон)
МИЛЈАНА РЕЉИЌ – таеквондо
НИКОЛА ЃУРЕТАНОВИЌ – пливање
ВЛАДИМИР ЕГОРОВ – борење
АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА – стрелаштво
ЕДИ ШЕРИФОВСКИ – џудо

Поопширно за секој македонски спортист и нивните настапи може да прочитате во секцијата посветена на македонските олимпијци.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА