Трите македонски екипи кои следната сезона ќе играат во АБА2 лигата, ги добија своите противници.

Новиот формат на натпревари ги подели 16-те тима во четири групи, од кои двете првопласирани ќе играат во „Топ 8“ фазата.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром за противници ги доби Словенечки Хелиос и хрватската Цедевита јуниор, како и дебитантот Теодо од Црна Гора.

Вицепрвакот Пелистер ќе игра против екипите на, Подгорица, Широки и Вршац.

Трети македонски претставник ќе биде Работнички кој за противници ќе ги има, Војводина, Сутјеска и Босна.

Во групната фаза ќе се играат по шесто кола, секој со секого (дома и гости).

Во „ТОП 8“ фазата, осумте екипи пак ќе бидат поделени во две групи (Е и Ф). Двете прворангирани екипи ќе се пласираат во плеј-офот. Полуфиналните и финалните натпревари ќе се играат во формат во два добие натпревари (1-1-1).

Новата сезона во АБА2 лигата ќе почне на 24 септември.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ВО АБА2 ЛИГАТА

А група: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ, Хелиос, Цедевита јуниор, Теодо Тиват.
Б група: РАБОТНИЧКИ, Војводина, Сутјеска и Босна.
Ц група: ПЕЛИСТЕР, Подгорица, Широки и Вршац.
Д група: Златибор, Борац БЛ, Шибенка, Илирија.