ИНТЕР – ПОРТО и ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

Вечерва се комплетира првиот дел од осминафиналните пресметки во Лигата на Шампионите. По супер интересните пресметки синоќа и големиот број погодоци, вечерва не очекуваат нешто поинакви два дуели.

Избраниците на Пеп Гвардиола патуваат во Германија, како апсолутни фаворити на дуелот против Лајпциг. Манчестер Сити во Германија патува со нерешен натпревар од последниот натпревар во англиската Премиер лига но и убедлива победа само три дена пред тоа против главниот конкурент Арсенал. ,,Граѓаните” лесно ја минаа групата Г, каде за ривали ги имаат Борусија Дортмунд, Севиља и Копенхаген и со тоа уште еднаш најавија дека оваа година сакаат да одат до крај.
Домаќинот пак Лајпциг е во променлива форма, па на последните три натпревари во Бундес лигата еднаш победи, еднаш загуби и еднаш ремизираше, доволно за петта позиција на табелата. 
Избраниците на Марко Розе играа одлично во групната фаза каде за ривали ги имаат Реал Мадрид, Шахтар и Селтик а завршија втори со само бод помалку во однос на Реал, кога го совладаа на домашен терен со 3-2. 
Натпреварот се игра на ,,Ред Бул Арена” во Лајпциг.

 
Во вториот дуел на вечерта на ,,Meaца”‘ ќе се соочат Интер и Порто, каде со оглед на прикажаното оваа сезона, се очекува крајно неизвесен натпревар во кој ќе решава моменталната форма и инспирација на играчите. 
Интер заврши втор во групата на смртта со Баерн Минхен, Барселона и Викторија Плзен. Избраниците на Инзаги играат променливо цела сезона, па имаат и блесоци но и многу разочарувања и затоа го немаат епитетот апсолутни фаворити во овој двомеч. Избраниците на Серхио Консеисао, завршија први во својата група  Б, каде уште беа и Клуб Бриж, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид.

 

Двата дуела се играат со почеток во 21:00 часот