Наполи ја игра својата најдобра сезона уште од времето на Марадона. ,,Наполитанците” освен беспрекорната форма во Серија, продолжуваат со одлични игри и во Лигата на Шампионите и со вечерашната победа на гостински терен кај Ајнтрахт Франкфурт со 0-2, се на чекор од пласман во четвртфиналето.
Избраниците на Лучано Спалети имаа целосна доминација во текот на целиот натпревар, па и покрај победата од 0-2 може да жалат што истата не е и поголема.
По почетното испробување на силите, Наполи притисна посилно па во 34-тата минута по нафрлена топка, Хирвинг Лозано беше соборен во шеснаесетникот, што за судијата Артур Суарез Дијаз, по прегледувањето на ВАР снимките беше доволно за пенал. Истиот не успеа да го реализира првата ѕвезда на Наполи, Грузиецот, Квадрасцкелија.
Сепак само пет минути подоцна, Наполи го пронајде патот до мрежата на противникот, откако по одлично додавање на Лозано, првиот стрелец на тимот, Виктор Осмен ја проследи топката во голот за водство од 0-1.
Сликата беше иста и во вториот дел, Наполи напаѓаше а Ајтрахт беше предодреден за дефанзива. Важен сегмент од натпреварот е црвениот картон кој во 60-тата минута го доби Рандал Коло Муани.
Бројчаната предност на теренот Наполи ја валоризираше во втор погодок само пет минути по црвениот картон за Муани.
Квадрасцкелија успеа да се ,,искупи” за промашениот пенал, кога со одлично додавање му овозможи на Ди Лоренцо да се запише во листата стрелци.
До крајот на натпреварот Наполи пропушти неколку добри прилика за уште поубедлива победа.
Македонскиот репрезентативец, Ељиф Елмас доби шанса во 80-тата минута кога го замени Лозано.
Реванш натпреварот на ,,Марадона” стадионот се игра на 15. Март.