Хрватскиот „маестро“, Лука Модриќ на официјалната прес-конференција пред дербито меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во осминафиналната рудна од Лигата на шампионите, потенцира дека „кралевите“ ги очекува „пеколна“ атмосфера на „Енфилд“ и дека мораа да одиграат најдобро што знаат и умеат доколку сакаат да извлечат позитивен резултат пред реваншот во Мадрид.
„Се подготвуваме за тежок натпревар против тежок противник. Играме на историски важен стадион, „Енфилд“ каде што ќе бидат присутни неверојатни навивачи кои што ќе навиваат против нас. Мораме да играме добро и да победиме со цел да донесеме позитивен резултат во вториот натпревар во Мадрид. Имаме играно на „Енфилд“ и изигравме добро и очекуваме повторување на таа игра. Некогаш гледаме натпревари како игра противничкиот тим, но веќе добро ни е познато како игра Ливерпул. Во вакви натпревари најважно е да останеме мирни и да дадеме се од себе“. изјави освојувачот на Златната Топка во 2020, Лука Модриќ.
Дербито на „Енфилд“ започнува од 21 часот.